Пациент запалил цигара во болничка соба за кислородна поддршка, со навремена реакција спречена експлозија

Пациент сместен во соба за кислородна поддршка на Клиниката за пулмологија во Скопје вечерва ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара, при што дошло до пожар поради проток на кислород во собата и тој се здобил со помали изгореници на лицето и градите, информира Министерството за здравство.

Во соопштението се посочува дека дежурниот медицински пероснал брзо реагирал и дотокот на кислород навреме бил исклучен, со што била спречена експлозија.

- Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а во болничката соба оштетен е мал дел од подот, се додава во соопштението.