Пациент во психијатриската болница „Скопје“ треба да плати околу 3 илјади евра-лекувањето е завршено, но седи во болница зашто нема каде да оди

185 500 денари изнесуваат вкупните трошоци за шест месечното лекување за 56 годишниот пациент во болницата во Бардовци кој иако е роден во Македонија сепак нема македонски државјанство а со тоа ниту здравствено осигурување, покажуваат податоците што за Телевизја 24 ги испратија од болницата.

Оттаму објаснуваат дека во таа сума се вклучени трошоците за сместување, оброци, терапија и испитувања во други здравствени установи каде на пациентот му биле правени други детални испитувања. Велат дека од страна на социјален работник уште во март годинава е почната процедура за регулирање на личните документи со цел да се обезбеди здравствено осигурување.

Психијатриска болоница во Бардовци

- Во однос на исхрана и нега, во нашата болница на пациентот му се пружа најмногу во рамките на можностите.Н а сметка на болницата е често испрќан на дијагностички испитувања во други болници, бидејќи неговото семејство одбива да го земе пациентот.

Во информативната листа со преземени социјални интервенции од страна на болницата детално е објаснет секој чекор кој го направиле и во однос на комуникација со неговото семејство, но и со надлежните институции.

Дополнително од болницата посочуваат дека во моментот кога го примиле пациентот , тој би со запуштен надворешен изглед и лоша лична хигиена, делувал дезориентирано, раздвижено, и не одговарал на поставени прашања и не било возможно воспоставување на вербален контакт.

Велат дека иако индикациите за психијатриско лекување престанеле, сепак пациентот бил задржан болницата исклучително поради социјални причини.

Психијатриска болоница во Бардовци

- Пациентот пред приемот во болницата живеел како бездомник 20 години наназад. Според негово каѓување, спиел в о недоизградени згради и живеел од милоста на другите луѓе, без адреса на живеење и без лични документи. Повремено ги посетувал ќерката и синот, а алкохол консумирал во прекумерни количини. Поради неуредниот начин на живот на сегашната возраст од 55 години, веќе има сериозни здравствени проблеми кои бараат третман од други здравствени специјалности.

Претходно од Министерството за внатрешни работи за Телевизија 24 информираа дека од 6 ти август годинава му бил одобрен едногодишен привремен престој во Македонија на 56 годишниот пациент и дека работат и на  изработка на лична карта за странец. За стекнување на државјанство пак, од МВР велат дека потребно е неговото семејството да ја почне постапката од почеток- со поднесување на целосна документација.

Неговата ќерка, која е и самохран родител за Телевизија 24 ја раскажа борбата на нејзиниот татко со институциите но сподели и дека  води и битка за социјален стан.