Паѓаат берзите низ светот во очекувaње на новите карантини

Коронавирусот силно удри по светската економијата. Стравувањата дека инфекцијата со Ковид 19 повторно излегува надвор од контрола но и одлуките на голем број на држави да го вратат карантинот, доведе до нагла продажба на акции на светските берзи.

Неколку дена по ред паѓаат индексите на Волстрит а американските берзи вчера го претрпеа најлошиот ден во последниот месец. Голем број на експерти сметаат дека новите рестрикции кои ги воведоа пред се, Франција и Германија, две од најголемите економии во Европа, ќе доведат до нови потреси на пазарот.

Мислам дека сето ова што се случува ги тера луѓето да си кажат дека сега е време да си повлечат дел од парите и да го намалат ризикот.“ - изјави изјава Грег Тејлор, главен директор за инвестиции во „Purpose Investments“. 

Индексот на акции во Азија и Пацифик, падна за 0,7 проценти. На берзата во Токио, индексот Никеи падна за 0,4 проценти, додека цените на акциите во Сингапур, Хонг Конг, Јужна Кореја и Австралија паднаа од 0,4 до 1,3 проценти.

Ништо подобро не е ниту во Европа каде индексот падна за 1,8%. Сепак, Претседателката на Европска централна банка Кристил Легард вели дека кризата довела до заедничка соработка на земјите од Европа.

„Сите 27 земји членки одлучија заедно да позајмат пари со цел да им обезбедат грантови на оние кои се најтешко погодени од кризата. Вакво нешто се нема случено досега. Би рекла дека големината на поддршката која ја обезбедивме ги даде посакуваните резултати. Сакавме да ги стабилизираме пазарите и мислам дека успеавме во тоа.“ - изјави изјава Кристин Легард - Претседателката на Европска централна банка.

Пандемијата на коронавирусот но и наглото зголемување на производството на нафтата во неколку африкански држави , доведе и до пад на цените на црното злато но и до намалување на побарувачката во САД и Европа. Само во текот на вчерашниот ден, цената на нафтата имаше намалување за 3 отсто.

А додека економиите ширум светот се во слободен пад, кинескиот БДП забележа раст од 4,9 проценти. По шокот предизвикан од коронавирусот на почетокот на годината, втората по големина светска економија, доби забрзување во третиот квартал од годината, покажуваат податоците на кинеската служба за статистика.