Означена првата фаза од истражувачките теренски работи за автопатот од Коридорот 8

Со нерешени имотно правни односи за земјиште и со оценка дека употребата на ЕУ знаменцето на законите за „Бехтел и Енка“ е политичка корупција денска означен почетокот на првата фаза од теренските работи на коридорот осум, на делницата Тетово Гопстивар.

Пред патаранината Груби, Бочварки и директорот Рустеми, овој пат без автопатски брендирани маици, прогласија дека и официјано почнуваат истражувачките работи за градба на автопатот. Випцепремерот Груби е уверен дека законот за работни односи, за кој има најава дека ќе биде оспорен, нема да падне на Уставен суд. 

Изградбата на оваа автоптска делница стартува во услови кога 80% од приватното земјиште низ кое треба да минува трасата не е со решен статус. Владата резервираше околу 300 милиони евра за ЕКСПРО-ПРИЈАЦИЈА на приватно змејиште, но според оценките на дел од економистите оваа сума може да биде многу повисока.

Додека на терен власата го означи почетокот на изградбата, антикорупоцинерите во ист ден одлучија, употребата на ЕУ знаменце за законите за „Бехтел и Енка“ значи политичка корупција.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека до него не е добиена никаква забелешка од антикорупцинерите. Кога ќе добие, ќе им одговори.

Ова е трети пат како владата излегува на терен за промоција на почетокот на проектот за автопатските кориодори осум и десет Д. Договорот со „Бехтел и Енка“ остана со печат доверливост за јавноста. Со недели е во собраниските лавиринти каде ќе можат да го видат само пратениците со безбедносен сертификат.

Целиот проект се проценува на 1,3 милијарди евра, но веќе е извесно дека оваа сума ќе биде надмината. За дел од ексертите останува спорно отсуството на транспарентност во делот на договорот што остава и простор за сомнеж за корупција.