„Ова е само крајот на светот“ – премиера на Драмскиот театар

Во Драмскиот театар се одржа првата проба на претставата „Ова е само крајот на светот“ по истоимената драма на Жан-Лик Лагарс. Преводот, адаптацијата и режијата се на режисерката Теа Беговска. Сценографка и костимографка на претставата е Надиа Василева од Бугарија, музиката е на Енес Беговски.

Инспициент е Гоце Бојчев, а суфлерка е Жаклина Цветковска. Во актерската поделба се актерите на Драмскиот театар: Стефан Вујисиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Александар Степанулески, Сара Климоска и Ања Митиќ.

Директорот Роберт Вељановски на денешната прва проба ги поздрави колегите, им посака успешен процес и го изрази задоволството што ја почнуваат 2026 година со подготовка на овој познат текст на Жан-Лик Лагарс, кој има и своја филмска верзија.

„Ова е само крајот на светот“ е првата претстава што се подготвува во Драмскиот театар во годината кога тој го обележува 80-годишниот јубилеј. Премиерата се планира за 7 март.

Режисерката Теа Беговска им се заблагодари за довербата на актерите што прифатиле заедно да ја работат оваа длабока семејна психолошка драма. Таа сподели дека кога промислувала за овој драмски текст, ликовите ги поистоветила токму со актерите што ги одбрала во оваа поделба на улогите.