ОУ „КИРО ГЛИГОРОВ“ – ИЗГРАДЕНО ПО СВЕТСКИ СТАНДАРДИ ЗА СУМА ОД 5,5 МИЛИОНИ ЕВРА

Импозантна современа, модернистичка градба која што важи за најакустична во Југоисточна Европа. Ова основно училиште ги запазува сите основно елементи. За прв пат оваа година во ова училиште влегоа 257 ученици, а капацитетот на истото е околу 500 ученици.

Лоцирано во непосредна близина на централното градско подрачје, новото основно училиште кое го носи името на првиот претседател на државата „ Киро Глигоров“ ги нуди најсовремените услови за образование на најмладите. Распострането на површина од 12.100 метри квадратн, со дворна површина од 4.100 метри квадратни при неговата градба било поместено за 7 метри во внатрешноста поради зачувување на дрвата од сеча. Целиот објект е со висока енергетска ефикасност. Фасадата е структурална стаклена, специфична по својот визуелен и естетски стил. На кровот се поставени 4 просчистувачи на воздух преку кој се вентилира и прочистува воздухот од внатрешноста на училиштето.

Внатрешноста на училишната зграда е со модерно уредување и стандардизиран ентериер согласно возраста на учениците. Греењето е без радијатори – поврзано на системот за централно градско греење, подовите се антибактериски и антиалергени, озвучувањето е централно, вградени се 2 лифта, од кои еден специјализиран за децата со пречки во развојот. Директорката на училиштето, Билјана Билбиловска вели дека секое дете заслужува вакво училиште, а на секој вработен претставува предизвик во неговата просветна работа.

Училиштето располага со 21 училница опремени со смарт табли на допир со вграден софтвер кој поддржува 3Д анимации, потоа, специјализирани кабинети за предметна настава, спортска сала со вкупна површина од 800 метри квадратни, ботаничка градина со подно греење за да се растопува снегот во зимскиот период. Ова училиште е меѓу првите во земјава кое при неговата градба посебен фокус се стави на инклузијата, па така во рамки на училиштето постои и Дневен центар за деца со церебрална парализа.

Ова е прво училиште изградено во Општина Центар после 50 години, со модерен дизајн и архитектура според највисоки стандарди и чини 5,5 милиони евра. Истото важи за прво основно училиште каде ќе се инклузираат деца со пречки во развојот а согласно европските регулативи.