Отворени денови на институтот „Крсте Мисирков“, големи јубилеи за македонската јазична историја
На 11-те Отворени денови на Институтот за македонски јазик, директорката на Институтот „Крсте Мисирков', Елена Јованова – Грујовска изрази загриженост поради сè поголемиот број млади кои не само што зборуваат, туку и почнуваат да размислуваат на туѓ јазик.
Таа упати апел до родителите, како и до сите повозрасни лица кои се дел од секојдневието на младите, почесто да комуницираат со нив на македонски јазик.
Во ера на глобализација мора да го чуваме и развиваме мајчиниот јазик порача првиот човек на Законодавниот дом, Африм Гаши на 11-те Отворени денови на Институтот за македонски јазик. Тој истакна дека јазикот е мост кој на младите им помага да го почитуваат своето наследство, но и да се интегрираат во европското општество преку учење други јазици.
Манифестацијата е дел од активностите на Институтот за афирмација на македонскиот јазик и на научното наследство на македонските лингвисти, како и за поттикнување на интересот за истражување, проучување и зачувување на јазикот.

