Отворена информативна веб-страница за реформите во основното образование
Отворена е нова информативна интернет страница на која може да се обезбедат податоци поврзани со реформите во основното образование, согласно планот за промени и унапредување на квалитетот на националниот образовен систем, соопшти министерството за образование и наука.
Веб-страницата содржи детално појаснување на содржината на планот за реформа на основното образование, а јавно се објавени сите документи поврзани со промените, како концепцијата за основно образование, новите наставни програми и националните стандарди врз основа на кои се изработени, но и постојната и законската регулатива која е во фаза на подготовка или веќе се наоѓа во собраниска процедура на усвојување.
Исто така, во посебно мени можат да се најдат и одговори на сите најчести дилеми и поставувани прашања во јавноста за одредени аспекти на промените, стои во соопштението.