Отворена годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп
Foto

Отворена годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп

Во ликовна галерија на прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков” синоќа беше отворена годишната, заедничка изложба на дела од членовите на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп. Со свои дела се претставија 27 уметници.

За творештвото на уметниците говореше Методи Исков, претседател на Друштвото, кој посочи дека преку изложбата, на која се слики, цртежи, скулптури, се запознаваме со творештвото на прилепските уметници.

-Одржувајќи го континуитетот на неуморна ликовна креација, членовите го промовираат своето најново творештво. Се претставуваат со творештво во различни техники и материјали преку кои ја прикажуваат својата страст. Културата е нешто што треба да има континуитет  за да може да се пренесе на идните генерации. Па затоа преку уметноста се надевам дека ќе оставиме белег кој ќе биде од општествено и културно значење, рече Исков.

На изложбата се делата на прилепските уметници: Методи Исков, Маја Најдоска, Елена Димоска, Анита Сотироска, Александар Џинго, Марта Макеска, Емил Солески, Емил Димоски, Бојана А.Трпческа, Александра Богоеска, Филип Перески, Верче Николоска, Павлина Илијеска, Лепа Милошевска, Ферди Булут, Славчо Павлески, Марјан Стојаноски, Васил Костов, Дарко Талески, Давид Атанасоски, Атанас Атанасоски, Драган Верговски-Алпи, Михајло Ристески, Тони Трајковски, Златко Крстевски, Михаил Паскоски и Марија Ѓорѓијоска.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура.

0 Коментари

Остави коментари