Отворен повик за „Три дена култура 2“
Foto

Отворен повик за „Три дена култура 2“

Средношколскиот фестивал за уметност „Три дена култура“ отвори повик за пријавување на млади уметници кои сакаат да учествуваат со свој краток филм, кратка театарска претстава, со својот бенд или на дигитална изложба на средношколскиот фестивал кој ќе се оддржи на 7, 8 и 9 март 2019 година во СУГС „Никола Карев“ – Скопје.

Второто издание на фестивалот е во организација на „Art house Karev“ и служи како простор во кој најмладите уметници ќе можат да ги претстават своите нови идеи, сфаќања и размислувања за уметноста.

Првиот ден, како што информираат организаторите, е младинскиот филмски фестивал на кој ќе се прикажуваат кратки филмови од средношколци и студенти, вториот ден се театарските перформанси на кој студентите и средношколците ќе можат да се претстават со своја кратка театарска претстава, а третиот ден е свирка на средношколски бендови и дигиталната изложба која вклучува ликовни дела и фотографии од средношколци.

Повеќе информации и пријавување можете да најдете на официјалниот фејсбук евент.

На првото издание на „Три дена култура“ организирано во февруари годинава, учество земаа повеќе од 200 средношколци во сите категории, а настанот беше посетен со повеќе од 1000 гости за сите три дена.

0 Коментари

Остави коментари