Отворен 64 фестивал на Охридско лето

Пред полн антички театар, со палење на фестивалскиот оган и настап на светски познатиот виолинист од Литванија, Џулијан Рахлин, и оркестарот на македонската филхармонија беше отворено 64-то Охридско лето. Во наредните 40 дена до 20 август, ќе настапат повеќе од 500 уметници од 24 држави од целиот свет. Фестивалот за отворен го прогласи, претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

„Пред повеќе од 60 години во екот на студената војна, во градот распослан над езерото се роди фестивалот Охридско лето. Така природниот споменик стана и културен споменик и уметниците од западот и истороко и северот и југот од Охрид ја испраќаа пораката дека убавината ќе го спаси светот. Длабоко верувам дека културната дипломатија е далеку помоќна од традиционалната“, рече Давкова.

„И во иднина континуирано ќе го помагаме овој фестивал, како несомнена потврда за нашата определба дека високо ги вреднува европските и светски уметнички дострели а градот Охрид и Охридско лето беа и остануваат природна средина на космополитскиот дух на уметноста“, рече Зоран Љутков-министер за култура.