Отворање на Охридско лето со светски врвни уметници

Со гала концерт на американската и светски позната пијанистка Клер Хуангчи во придружба на оркестарот на Македонската филхармонија, под диригентска палка на маестро Едвин Аутвотер вчеравечер на Античкиот театар во Охрид стартуваше 65 издание на фествалот "Охридско лето".

Концертот се одржа под мотото „Трансформација на сетилата“, нудејќи ѝ на публиката незаборавно уживање. На отвoрањето, уметничката порака ја пренесе актерот Ѓорѓи Јолевски, а се обратија и претседателката Гордана Силјановска Давкова, министерот за култура Зоран Љутков и директорот на Фестивалот Ѓорѓи Цуцковски.

Во рамките на овогодинешното издание на фестивалот „Охридско лето“, над 500 уметници од дваесетина земји ќе настапат на неколку сцени низ Охрид. Ова ќе го претвори градот во светска уметничка метропола. Во фокусот на програмата ќе бидат врвни музички и театарски изведби.