Отворање на изложбата „Subscript“ на Горан Деспотовски
Foto

Отворање на изложбата „Subscript“ на Горан Деспотовски

Во Чифте амам вечерва ќе биде отворена изложбата „Subscript“ на  уметникот Горан Деспотовски од Нови САД.

Изложбата има ретроспективен карактер и се протега низ корпусот на неколку негови дела, главно во медиумот на инсталацијата. Во најголем дел од реализираните инсталации и објекти, авторот ја претставува личноста, групата, масата луѓе во форма на кукли што го контекстуализираат присуството на лице/а во одреден простор, но без него/нив во буквална смисла.

– Појавата на поединец во форма на кукла, како тело/фигура, го одредува секојдневниот живот на модерниот човек во цивилизациските рамки условени од историски настани. Моделот на кукла, со нејзините основни елементи и начинот на прикажување, алудира на човек кој го загубил интегритетот на општествено суштество и се трансформирал во репродуцирана маса идентични неживи суштества, велат од Националната галерија на Северна Македонија.

Изложбата ќе биде отворена до 28 октомври, а куратор на проектот е Ана Франговска.

0 Коментари

Остави коментари