Отстранет билбордoт на влезот на Скопје по реакциите во јавноста
По 48 часа од неговото поставување, денеска е отстранет билбордот на влезот на Скопје, кој предизвика голем број коментари на социјалните мрежи.
Билбордот создаден со помош на вештачка интелигенција стана предмет на потсмев поради бројните визуелни аномалии. Најголемо внимание кај граѓаните предизвика приказот на коњот Букефал, кој беше нацртан со пет нозе, како и необичниот изглед на шлемот на Воинот на коњ.

