Отписот на долгови на комисиска расправа во Собранието
Foto

Отписот на долгови на комисиска расправа во Собранието

Предизборни препукувања на релација власт и опозиција во кои собраниската говорница и денеска узурпирана од народните избраници за докажување на тоа кој носи вистински законски решенија, а кој преку нив сака да манипулира со граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и денеска во клинч откако кординаторот на најголемата опозициска партија Никола Мицевски обвини дека со законот за отпишување на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, СДСМ сака да им ги прости долговите на свооите градоначалници но и на директорите на јавните претпријатија.

Со ова законско решение од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат и дека СДСМ сака да направи поткуп на гласови за време на престојните избори.

За СДСМ пак ваквото законско решение е добро, и како што велат најголема корист од него ќе имаат граѓаните но и самите општини.

Препукувањата на релација власт опозиција па дури и на ниво на актуелната техничка влада речиси од ден во ден се позачестени. Деновиве актуелни беа Владините поништувањето на одлуките за разрешување на директорите кои ги поднесоа дел од техничките министри а кои техничкиот премиер Спасовски не сакаше да ги потпише. Претходно пак во клинч се фатија и министерките за финансии.

Дополнителната заменик-министерка Кочоска се жалеше дека министерката Анѓеловска им забранила на вработените директно да комуницираат со неа и да даваат информации без дозвола од нејзиниот кабинет, додека пак минситерката тврдеше дека станува збор за стандардна процедура. Заеднички јазик не најдоа ниту министрите во земјоделие. Обвинувања и контра обвинувања имаше и во МВР каде министрите не можеа да се договорат за кадровските решенија.

0 Коментари

Остави коментари