Откриени 12 нови случаи позитивни на коронавирус на ОИ во Токио
Foto

Откриени 12 нови случаи позитивни на коронавирус на ОИ во Токио

Дванаесет нови случаи на инфекција со коронавирус беа идентификувани на Летните олимписки игри во Токио во текот на вчерашниот ден. Ова го објави прес-службата на Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

Двајца од заразените се странски спортисти кои се сместени во Oлимпиското село, другите десет се работници поврзани со организацијата на Игрите и службени лица.

Олимписките игри ќе започнат утре и ќе траат до 8 август.

0 Коментари

Остави коментари