Откриена причината за трагедијата во која животот го загуби претседателот на Лестер
Foto

Откриена причината за трагедијата во која животот го загуби претседателот на Лестер

Причина за трагедијата во која животот го загуби претседателот на Лестер е механизмот кој ги поврзувал педалите на пилотот со делот од роторот на опашката од хеликоптерот. тој придонел да дојде до нагло навалување на леталото од десната страна и на крајот хеликоптерот да се урне на паркингот во непосредна близина на стадионот. Во официјалниот извештај од британската полиција за страшната несреќа во која загинаа вкупно пет лица е наведено дека на местото на несреќата е утврдено собирање на црна маст, а пореметувањето на овој систем придонело деловите од роторот во опашката да го менуваат своето движење се додека не го достигнале физичкиот лимит по што уследил трагичниот пад.

0 Коментари

Остави коментари