Откриена неолитска населба во Струмичко стара 7.500 години
Foto

Откриена неолитска населба во Струмичко стара 7.500 години

Струмичките археолози во непосредна близина на населеното место Костурино, по двoмесечни истражувања открија неолитска населба стара 7.500 години. Населбата е откриена во месноста „Орниче“ каде се пронајдени остатоци од живеалишта, керамика и орудија што укажува дека во овој дел на Струмичко имало живот и во праисторијата.

Истражувањата се дел од годишнава програма на Министерството за култура, но археолозите бараат средства за заокружување на овој процес и целосно откривање на населбата и фазите на живот во југоистокот.

„Се работи за објект кој е стар околу 7.500 години и се работи за објект од средниот неолит“ - рече Зоран Рујак – археолог.

Од струмичкиот музеј истакнуваат дека освен материјални средства за комплетирање на сите археолошки локалитети во југоистокот потребни се и нови простории бидејки депоата се полни со откриени и артефакти.

„Нашата музејска поставка е претесна да ги прими артефактите“ - вели Ацо Манински - директор на Музеј Струмица

Неолитската населба кај Костурино е трета во регионот кои можат со дополнителни средства да се реконстурираат и да бидат дел од туристичката понуда на струмичко како неолитски населби.

0 Коментари

Остави коментари