Откажана уште една трка во Формула 1, за ГН на Канада, во Монтреал
Foto

Откажана уште една трка во Формула 1, за ГН на Канада, во Монтреал

Уште една од трките во Формула 1 е откажана поради пандемијата на коронавирусот во светски рамки. Откажана е трката за Големата награда на Канада, во Монтреал.

Тоа е веќе деветта одложена или откажана трка од календарот за годинава. Предвидено беше да се вози на 14 јуни, но организаторите одлучија да биде откажана.

„Најважно во овие моменти е да го надминеме Ковид-19. Ве очекуваме на патеката „Жил Вилнев“ штом ќе биде безбедно за одржување на трка“ - рече Франсоа Думонтие, претседателот на канадското ГП.

Пред трката во Канада, од календарот за 2020 беа одложени или откажани трките во Австралија, Бахреин, Виетнам, Кина, Холандија, Шпанија, Монако и Азербејџан.

0 Коментари

Остави коментари