Откако СЈО се согласи да му се врати пасошот, сега бара Орце Камчев да се приведе како сведок во „Тортура“
Foto

Откако СЈО се согласи да му се врати пасошот, сега бара Орце Камчев да се приведе како сведок во „Тортура“

Пред речиси еден месец се согласија на Орце Камчев да му биде вратен пасошот, а сега СЈО бара да биде приведен со полиција за да сведочи на суд во случајот „Тортура“, доколку и на 5 јули сам не се појави во судница.

Судот има доказ дека Камчев ја примил поканата, но неговиот адвокат денеска изрази сомнеж дали Камчев се потпишал на доставницата или некој друг се потипшал во негово име. Случајот кој се води за нехуманото и сурово постапување на алфите при апсењето на Љубе Бошкоски, по нарачка на Сашо Мијалков како шеф на ДБК и денеска е одложен.

На рочиштето не присуствуваше еден од обвинетите Алфи поради здравствени проблеми. – му се изместува чашката на коленото кога се движи и мора да мирува“ - рече адвокатот на Метуш Шабани.

0 Коментари

Остави коментари