Отчет на Мисајловски: Земјава е безбедна и сигурна, процесот за модернизацијата на Армијата тече непрекинато

Македонија е стабилна и безбедна држава, и во постојана комуникација со сојузниците со цел кон зацврстување на колективната безбедност на Алијансата, истакна министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Во отчетот за сработеното потенцираше дека за модернизацијата на АРМ со САД потпишани се договори од околу 339 милиони евра како и тоа дека испораката на воената опрема е во завршна фаза. 

Генерал Сашко Лафчиски потенцираше дека во тек се обуките за пилоти и техничари за воените повеќенаменски хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“, од кои првите два треба да пристигнат до крајот на годината. 

Во делот на платите и условите на армијата, министерот Владо Мисајловски рече дека на 15 овој месец веќе е договорена средба и со синдикатите.