Освен пари за компаниите, владата највува поддршка и за работниците кои ќе останат без работа
Foto

Освен пари за компаниите, владата највува поддршка и за работниците кои ќе останат без работа

150 евра по лице најавува Владата за сите оние што во време на пандемијата ќе останат без работа. Парите се веќе обезбедени преку последното задолжување кон Светска Банка, тешко 90 милиони евра што пред два дена го донесе Собранието, а проекциите се дека ќе може да се подржи бројка од 45.000 граѓани. 

Бројките на Владата говорат дека во првите шест месеци од пандемијата се изгубиле 12.500 работни места, но најголемиот дел не се отпуштања туку им истекле договорите за работа. Од март до август поднесени се над 6000 претставки до Државниот инспекторат за труд. Правата се кршеле во сите дејности и по различни основи. Не се почитувале времените мерките на Владата и се делеле откази. 

Бројот на корисници на социјална помош од стартот на пандемијата поради поедноствани процедури се зголемил за 5000 нови корисници. Од граѓанскиот сектор велат дека има напредок во реакцијата на институциите при кршењето на работничките права иако мора уште многу да се работи.

Дебата за правата на работниците во време на корона денес во Штип се одржа во рамки на четвртата Текстилијада, што ја отвори претседателот Стево Пендаровски, кој побара отвореност и отчетност на институциите. Денес беше промовиран и вториот споменик на текстилните работнички „Магичен конец“ на академскиот вајар Андреј Митевски. 

 

0 Коментари

Остави коментари