Осуммина пожарникари од Охрид заминуваат во спасувачка мисија во Турција
Осуммина пожарникари од Охрид специјално обучени заминуваат во спасувачка мисија во Турција да помогнат на граѓаните во настраданите подрачја.
Командирот Борко Јанкулоски вели петтмина од нив се пожарникари, тројца се возачи и сите заеднички професионално ќе одговорат на задачата.
Охриѓани се мобилизирани и активно донираат велат од ОО Црвен крст и потенцираат дека она што е најпотребно во моментов е донирање на финансиски средства на телефоните за помош и на објавената жиро сметка.
И локалната самоуправа се вклучи во донациите.Шестотини илјади денари вкупно ќе донира Општина Охрид за погодените подрачја од земјотресот во Турција и Сирија.Финансиските средства ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Охрид, a одлуката за издвојување средства за помош на настраданите беше донесена едногласно од страна на советниците кои со едноминутно молчење оддадоа почит на жртвите во земјотресот.

