Осумгодишно дете жртва на силување, осомничените малолетници не можат да се гонат кривично
Осум години е возраста на детето кое било силувано од двајца малолетници, кои грозоморниот чин го снимале со мобилен телефон, а потоа видео-снимката ја праќале на своите познаници, но, не го објавиле на социјалните мрежи.
Двајцата осомничени малолетници се на возраст од 10 и 13 години. Откако дознала, мајката на силуваното дете случајот веднаш го пријавила во полициската станица Бит пазар.
Од министерството за внатрешни работи за тв 24 информираа дека со малолентиците бил извршен информативен разговор во полициската станица, во присуство на нивните родители.
Од Основното јавно обвинителство за ТВ 24 велат дека пријавените деца се помлади од 14 години, па со оглед на тоа се исклучени од кривична одговорност. Центарот за социјални работи ќе го провери настанот.

