Осум милиони евра исплатени кон граѓаните во првите три месеци преку мерката „Мој ддв“

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните. една од успешните мерки со кои државата исплаќа пари директно на сметките на граѓаните е мерката „Мој ддв“, која се спроведува веќе трета година.

Во првото тримесечје назад кај граѓаните исплатени се 491,5 милион денари, односно речиси осум милиони евра, изјави на денешната прес-конференција Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ.