Осум лица убиени во одделни инциденти во околината на Атланта
Foto

Осум лица убиени во одделни инциденти во околината на Атланта

Осум лица се убиени синоќа во три одделни инциденти со стрелање во салони за масажа во околината на Аталанта, Џорџија, јави Њујорк тајмс. 

Четворица загинале во пукањето во попладневните часови во салонот „Азиска масажа на Јанг“, во Акворт, североисточно предградие на Атланта, јави полицијата во округот Чироки. 

Осомноичениот бил фатен и полицијата истражува дали одделните напади во салоните се поврзани, бидејќи сличен напад со жртви се случил и на друга локација во округот. 

Во салонот во Акворт полицијата нашла тела на три жени со рани од огнено оружје, откако одговорила на повик за разбојништво. Во спа комплес лоциран наспроти салонот,  полицијата нашла тело на уште една жена. 

Агенциите јавуваат дека сите жртви се жени и изгледа дака имаат азиско потекло.

Истрагата во врска со пукотнициите и убиствата сеуште е во тек.

0 Коментари

Остави коментари