Осум години затвор за грабнувањето на Самоил Костадиновски

Вкупно осум години затвор пресуди Кривичниот суд за обвинетите Виктор Милановски и Саша Челичиќ за грабнување на Самоил Костадиновски, внук на екс министерот Љубе Бошковски.

Според Обвинителство на 3-ти март првообвинетиот Милановски заедно со Александар Трпков, кој е во бегство го грабнале Самоил, со закана дека ќе го убијат доколку не плати за претходно украдената дрога, додека обвинетиот Саша Челикиќ со умисла им помогнал во извршување на кривичното дело грабнување.

Семејството на исчезнатиот Самоил Костадиновски не е задоволно од пресудата на судот против двајцата обвинети за грабнувањето на младиот скопјанец и ќе се жали на повисок суд.

Обвинителството од друга страна е задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на костадиновски.

Самоил Костадиновски повеќе од година дена се води за исчезнат.