Осум години од Преспанскиот договор – Каде е Македонија?

Осум години по потпишувањето на договорот во Преспа - се стави крај на спорот за името, но сè уште, според експертите, останаа неисполнети ветувања и надежи кои надвиснуваат над европската иднина на македонските граѓани. Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов, вели дека постојат големи придобивки од потпишувањето на Преспанскиот договор меѓу кои безбедноста отсликана преку НАТО но и тоа дека договорот има  меѓународно значење и од таму и меѓународни обврски. 

Актуелните премиери и шефови на држави, Македонија и Грција,  засега немаат остварено официјална средба. Премерот Христијан Мицкоски вели дека нема проблем за да се сретне со грчкиот колега. 

Преспанскиот договор има доследно почитување од двете страни вели поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов. Појаснува дека сепак недоследностите може да се забележат во неискористувањето на потенцијалите кои ги нуди Преспанскиот договор особено во делот на патната и жешезничката инфраструктура, економскиот потенцијал и развој а особено во делот на културата. 

Договорот на 12 февруари 2019 година и официјално стапи во сила. Согласно договореното, Република Македонија се преименуваше во Република Северна Македонија, а јазикот македонски. 

Додека македонија досега исполни голем дел од обврските од договорот од преспа,  од Грчка страна сеуште се чека на ратификација на меморандумите за соработка