Осум дена притвор за 44 годишниот скопјанец кој ги опожари дипломатските возила на бугарската амбасада

Скопскиот кривичниот суд му одреди осумдневен притвор на 44-годишниот И.Д. од Скопје, осомничен за палењето на две службени возила на Амбасадата на Бугарија. Судот го прифати предлогот на Обвинителството кое поведе постапка против ова лице за кого постои сомнение дека сторил кривично дело-Предизвикување општа опасност.

Овој инцидент предизвика нови дипломатски рекации од Бугарија. Вчера македонската амабасадорка во Бугарија, Агнеза Руси Поповска, беше повикана во бугарското МНР во врска со овој случај. Денска бугарскиот пратеник Ангел Георгиев од партијата „Преродба“  со радикална најава - ќе му предложи на претседателот Румен Радев да побара од ЕУ да ги запре сите европски средства за Македонија.

Ангел Георгиев-„Преродба“: „Предлагаме решение со кое премиерот Румен Радев би побарал од ЕУ апсолутно да ги запре сите европски средства доделени на Република Северна Македонија. Ова е единственото функционално решение што ќе го принуди нашиот сосед да преземе вистински реформи, бидејќи гледаме дека тој нема желба за реформи и да се приклучи кон ЕУ.“

Од Владата и денска го осудуваат инцидентот посочуваат дека предистрагата се уште е во тек - на сторителот му се одземени  уредите за комуникација за да се види со  кого  комуницирал и каква содржина била размената.

Христијан Мицкоски , премер на РСМ: „Јас не би брзал со било какви квалификации од страна на нашиот источен сосед. Она кое сакам да го кажам е дека најсилно го осудуваме како Влада и во рамките на законските ингеренции кои ги имаме, така и ќе постапиме. Очекувам дека ќе биде расветлено сето она што е во позадина на овој случај.“ 

Од бугарската „Фондација Македонија“ предводена од Виктор Стојанов, кој има забрана за велз во Македонија најавија протести на бугарско-македонскате гранични рпемини „Деве Баир“, „Делчево“ и „Ново Село“ во недела околу пладне. Според нивните објави, дозвола е добиена и од бугарското МВР.

Фондација „Македонија“: „Целта е јавно и демонстративно да му покажеме на Христијан Мицкоски дека не може да продолжи со прогонството на Бугарите во државата, со палењата, нападите и наместените судски пресуди против Бугарите.“

Се огласи бугарската шефица на дипломатијата Велислава Петрова Чамова, која потенцираше дека е против блокирањето на граничните премини. Според неа, ваквите иницијативи се контрапродуктивни. Посочи дека земјава има доволно дипломатски механизми преку кои ги штити правата на Бугарите во Македонија и ги брани своите позиции пред европските институции.

Велислава Петрова Чамова-министерка за надворешни работи на Бугарија: „Разбирам дека постои можност невладините организации или други структури да организираат вакви настани, но од наша страна е важно да одржиме многу цврста позиција со јасно изразени права за кои се залагаме. Нема потреба дополнително да се влегува во каналот на ескалација и да се одговара на секој случај во кој има таква провокација.“

Бугарските европратеници денеска испратија заедничко писмо адресирано до колегите во Европскиот парламент во кое го осудија овој настан. Опишувајќи го како подмолен и намерен чин на агресија мотивиран од омраза. 

Според македонските власти кои го осудија инцидентот, случајот ќе биде расветлен. Инкау 44 годишниот сторител го призна делото и чинот по што судот му одреди осумдневен притвор.