Осуда од македонскиот и албанскиот блок за скрнавењето на државното знаме, премиерот Мицкоски обвинува за дестабилизација

Мала, изолирана и манипулирана група од оние кои ги штитат своите милиони го сквернаваше македонското знаме, посочи премиерот Мицковски. Вели дека имал информаци за ваквите инциденти, кои како што предупреди ќе продолжат.

Сквернавењето на државното знаме го осуди коалициониот партнер на Мицковски. Од ВРЕДИ велат дека се работи за срамен и неприфатлив чин, кој е како што посочија дело на дестабилизатори, на кои не им одговарала масовната прослава на 28 ноември

Осуда пристигна и од ДУИ. Но, партијата на Ахмети одговорноста ја бара во Владата оти полицијата не дозволила да се честува денот на знамето на одредени плоштади. Револтот на одредени поединци кон македонското знаме, било резултат и на пораките на одредени политичари. 

По инцидентот, високи функционери на СДСМ ги преплавија социјалните мрежи со македонското знаме. Повикаа на смиреност и воздржаност од дополнителни провокации."

,СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на огнено оружје што се случија за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме. Инцидентите во Скопје и други градови низ државата се апсолутно неприфатливи, претставуваат директно загрозување на меѓуетничките односи, јавната безбедност и достоинството на Македонците, соопштија од СДСМ

Непочитување на законот за употреба на знамиња од институции и уништување и сквернавење на нашето државно знаме е за секаква осуда, реагираше и претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски.

Се огласија и од Алијансата за Албанците

- Празничната и позитивна атмосфера во секој дел од земјата не треба и не може да биде помрачена од вакви изолирани акти.Секој облик на насилство е неприфатлив во нашата земја и мора да биде осуден без компромис од сите страни“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците 

Од Левица пак побараа оставка од Министерот Тошковски, кој како што соопштија немал капацитет да спречи инциденти и да обезбеди мир на граѓаните.