Остра реторика во грчкиот Парламент за Договорот од Преспа
Во грчкиот парламент и вечерва продолжува дебатата, на моменти со остри тонови, во пресрет на утрешното гласањето за ратификација на Договорот од Преспа.
Остри тонови на релација власта - опозиција, на улиците масовни протести. Демонстрантите што се против ратификацијата на договорот од Преспа со грчки знамиња во рацете и со транспаренти се собраа на повеќе локации во Атина.
Грчката полиција и вечерва употреби солзавец за да ги растера насобраните. Гласањето за ратификација одложено за утре.
Во отвореното студио на 24 анализа гости се: Исмет Рамадани, Никола Дујовски и Александар Кржаловски