Остин: Нема непосредна закана од кинеска инвазија врз Тајван

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин синоќа изјави дека не гледа непосредна закана од кинеска инвазија врз Тајван, но смета дека Пекинг со своите воени активности се обидува да воспостави „нова нормалност“ околу островот.

„Не гледам дека наскоро ќе има инвазија. Она што го гледаме е дека Кина се движи кон формирање на она што ние би го нарекле нова нормала“, изјави тој за „Си-Ен-Ен“.

Во тој контекст тој укажа на зголемената активност на Пекинг, како што се бројните прелети на кинеските воени авиони преку централната линија во Тајванскиот залив.

„Тој број се зголеми со текот на времето“, рече Остин.

Тој рече дека САД ќе продолжат да работат со сојузниците и партнерите за да се обезбеди одржување „слободен и отворен Индо-Пацифик“.