„Остен Биенале на наградени автори 2025“ во Струга

Галеријата „Остен“ од 19 до 28 септември во Струга го организира настанот „Остен арт Скопје – Остен Биенале на наградени автори 2025“, на кој учествуваат Роберт Дандаров,  Мице Јанкуловски, Јорго Ксенос од Грција, Ристо Мијаковски,  Данчо Ордев, Новица Трајковски и Симон Шемов.

-„Остен Биеналето на наградени автори“ е една од гланите активности на Остен арт – институција од областа на културата за музејска и галериска дејност, која се одржува во непарните години и се состаи од прогама за престој на уметници, изложба и доделување награди. Организаторот поканува наградени уметници на Остен Биеналето Скопје да творат заедно, да споделуваат идеи и да се дружат. На самиот крај на манифестацијата, се изложуваат креираните дела и уметниците добиваат награди: Гран при, Посебно Гран при и Награда Залтен остен, соопшти „Остен“.

Водејќи три светски манифестации (Светската галерија на карикатури, Биеналето на современи визуелни уметници и Биеналето на наградени автори), посочува „Остен“, „особено внимание обрнува на македонските уметници како дел од глобалната уметничка сцена“.

-Оваа, јубилејна година, 80-години од основањето на Остен (1945-2025), поканети се шест македонски и еден уметник од Грција, а советот на Остен одлучи да бидат доделени едно Гран при и шест Посебно Гран при. Пошироката публика ќе може да ги види создадените дела во рамките на „Остен Биеналето на наградени автори 2025“ во хотел „Бисер“ во  Струга в сабота, 27 септември, од 15-18 часот, после што ќе бидат и доделени наградите на уметниците. Во наредниот период, изложбата ќе биде организирана и во Скопје, за што јавноста дополнително ќе биде известена, информира „Остен“.