Оставки на раководството и Извршниот одбор на СДСМ на предлог на лидерот на партијата
Раководството на СДСМ и членовите на Извршниот одбор СИНОЌА поднесоа оставки на предлог на лидерот на партијата Венко Филипче.
Од СДСМ соопштија дека оставки поднеле заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор.
Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување и зајакнување, вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ, се вели во соопштението од партијата.

