Оставката на Заев не е доставена, ДУИ на состанок, опозицијата најавува нова влада или предвремени избори
Foto

Оставката на Заев не е доставена, ДУИ на состанок, опозицијата најавува нова влада или предвремени избори

Зоран Заев сé уште на ја достави оставката од функцијата премиер до Собранието, што ја најави на 31 октомври по завршувањето на вториот круг од локалните избори.

ВМРО-ДПМНЕ, кое во петокот вечерта објави дека има ново парламентарно мнозинство, вчера доби поддршка и од коалицијата „За обнова на Македонија“. Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, до понеделник ќе се чека Заев да ја достави оставката до Собранието, а ако тоа не се случи, ќе почне, како што рече, постапката за иницијатива за оставка на Владата.

За денеска е најавен состанок на Генералниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Тетово. Партискиот лидер Али Ахмети, по објавата на ВМРО-ДПМНЕ дека има ново парламентарно мнозинство, преку својот фејсбук профил порача дека нема да се постапува ниту со емоција, ниту со еуфорија.

- Ја преземам одговорноста врз себе за лошите резултати од овие избори, рече Заев кога соопшти дека поднесува оставка и од позицијата премиер и од претседателската функција на СДСМ, но напомена дека останува дел од партијата.

Согласно статутарните одредби на СДСМ, со оставката на Заев во оставка е и целото партиско раководство.

Оставката, пак, на премиерот повлекува оставка на целата Влада што треба да биде констатирана од Собранието, но тој останува да ја врши должноста до изборот на нов владин состав.

0 Коментари

Остави коментари