Оставката на Дабовиќ констатирана, мандатот во Уставен суд и престанува на 31 декември

Констатирам дека оставката на уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска е прифатена и на судијката Јадранка Дабовиќ Анастасовска и престанува мандатаот заклучно со 31 декември 2025, изјави  Африм Гаши претседател на Собранието.

Додека пратениците ја констатираа оставката, Дабовиќ  беше на седница на уставен суд и учествиуваше во работата на судот . Од уставниот суд велат дека чекаат офицјално да бидат известени за престанок на мандатот на судијката.

Уставен Суд 

- Откако Уставниот суд ќе биде известен дека е констатиран престанок на мандат по основ на поднесена оставка од страна на судијата проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Судот ќе испрати известување до Собранието дека се создаедни услови Собранието да избере нов судија на Уставниот суд. Во однос на прашањето кога е констатирана оставка и до кога судијата ќе доаѓа на работа во Уставниот суд, потсетуваме дека Судот не е органот пред кој што судијата дава оставка и не ги уредува условите за престанок на функција. 

Новата судијка на местото на Дабовиќ која ккао што вечера објави тв 24 поднесе оставка од семејсни и здравствени причини, треба да дојде на предлог на комсијата за избори и именувања во Собранието, по распишан огалс. Освен Дабовиќ , судот од минатата година е и без судијката Елизабета Дуковска чиј избор беше поништен од управниот суд две години по изборот. Нејзината наследничка треба до Собранието да дојде на предлог на судсјиот совет , но таму има разногласие дали судот да го повтори гласањето со кандидатите меѓу кои се и Дуковска и членот на судски совет Антоанета Димовска, или да повтори комплетно нови имиња, или да го чека новиот закон за судски совет во кој е пропишано дека треба да се распише оглас. 

Оставката на Дабовиќ, доаѓа во период кога судијкаат Добрила Кацарска е под постојани прозивки од извршната валст, а од уставен порачаа дека тоа го толкувата како притисок врз судот.