Оставка на руската влада
Foto

Оставка на руската влада

Владимир Путин побара да се направат измени во Уставот со кои ќе се засили моќта на парламентот пред завршувањето на неговиот мандат во 2024 година....во годишно обраќање до нацијата рускиот претседател напомена дека треба да има амандмани на Уставот со кои на државната дума ќе и се даде право да ги именува министрите, моќ која сега ја има претседателот.

Истовремено, порача и дека Русија би требало да остане претседателска република, а шефот на државата да има права да го отпушти премиерот и министрите и да ги именува високите раководители во безбедносниот и одбранбениот систем.

„Ова се многу сериозни промени во политичкиот систем. Тоа би ги зголемило улогата и значењето на националниот парламент и на парламентарните партии, како и независноста и одговорноста на премиерот.“ - изјави Владимир Путин.

A само неколку часа по средбата меѓу Путин и Димитри Медведев, премиерот на Русија поднесе оставка од функцијата. Според Медведев, оставката на владата е со цел да се ослободи патот за спроведување на неопходните промени. Рускиот претседател неодамна изјави дека планира да воспостави место заменик секретар во Рускиот совет за безбедност и на таа позиција да му ја понуди токму на Медведев.

0 Коментари

Остави коментари