Оставка и реакции

Политички фолклор или вистинска одлука во право време. Различни толкувањата околу оставката која Весна Дамева вчера си ја поднесе од претседателската функција на Судскиот совет.

Државниот секретар при министерството за правда Дајанчо Ефтимов и денеска во изјава за медиумите одговарајќи на прашање на оваа тема посочи дека одлуката на Дамева е политички фолклор но до некаде и добар пример кој треба да го следеле и другите во судско обвинителските инстанци а кои не работеле согласно законските процедури.

Од владејачката СДСМ пак и денеска обвинија дека со овие потези Мицкоски и актуелната влада сакаат да вршат партизација во институциите, но и Судскиот совет. Велат свесни се дека се потребни реформни но не на овој начин туку со странски експерти и меѓународен мониторинг.

Иако вчера Дамева си поднесе оставака поради како што велеше притисокот од страна на актуелната влада  премиерот Мицкоски но и пратеници блиски до него сепак премиерот кој ја најави робусната акција уште минатата недела ниту денеска не излезе со официјална изјава иако од владата веќе имаа став во кој го поздравија овој потег на Дамева и порачаа дека и останатите судии и обвинители кои се огрешиле пред законот треба да го следат овој пример.

Одлуката на Дамева како правилна ја оценија и од Влен додека пак ДУИ обвинија дека владата се обидува на овој начин да ги партизира институциите и да ги стави под свој диктат.