Оспорениот избор на судии во скопска Апелација пред Управен суд

Тужбата на Андреј Димовски, судија од граѓанскиот суд и еден од ретките кој  има меѓународно искуство пред Управен суд, против судкиот совет околу конкурс распишан за избор на апелациони судии во скопска Апелација на кој што конкурирал и тој.

Димовски се жали дека иако работел во меѓународниот суд во Стразбур не му била призната годината и не добил бодирање. Правниот застапник пак на судски совет Јулијана Георгиевска ги уверуваше судиите од Управен дека самото оценување на кандидатите за влез во Апелација е согласно законот за судски совет од 2019 година и критериумите по оваа регулатива.

Полномошникот на Тужителот Димовски, Билјана Јандриоска останува на тоа дека тужениот орган постапил само по формалните забелешки, се направила непоправлива штета. 

Во овој случај се оспорува изборот на шест судии кои судски совет ги унапреди т.е трансферира од Граѓански во Апелациски суд може да не дојдат до повисоката позиција. Постапката може да се врати на почеток доколку Управниот суд одлучи позитивно на тужба од судијата Андреј Димовски кој смета дека не бил праведно оценет односно не му биле доделни соодветни поени за сите услови кои ги исполнува.

Одлуката за барањето на тужителот од управната судиска тројка ќе се знае на следното рочиште што се закажа за 17ти.