Основно училиште од општина Карбинци на чекор до затворање - родителите револтирани

Детскиот џагор од први септември во подрачното училиште во с. Дллни Блаван – о. Карбинци најверојатно повеќе нема да го има. Училиштето ќе биде опфатено со оптимизација, според градоначалникот Паунов, нешто за кое што родителите изминатиов период постојано алармираа.

Родителите денес доцна попладне присуствуваа на Седница на совет на општина Карбинци и гласно порачаа дека се против затворање на училиштето. Тие сметаат дека правото на образование треба да биде еднакво достапно за сите деца, без разлика дали живеат во град или во рурална средина.  

Една од главните причини за затворање на ова училиште според градоначалникот Паунов е немањето услови за образование во истото. 

Според родителите, затворањето на училиштето дополнително ќе го забрза иселувањето на младите семејства од селото и ќе го доведе во прашање неговиот опстанок, а прашуваат и зошто доколку било планирано затворање, истото било реновирано пред неколку години.

Инаку, ова училиште функционира неколку децении наназад, а селото брои околу триста жители. Од први септември во подрачното училите во селото требаше да седнат 13 ученици.