Основниот граѓански суд Скопје пресуди во корист на Душица Мрѓа во случајот „27ми април“
По седум годишна правна битка Основниот граѓански суд – Скопје донесе пресуда во корист на новинарката нa ТВ 24 Душица Мрѓа, која беше нападната за време на своето извршување на работните обврски на 27-ми април 2017 година во Собранието.
Оваа пресуда испраќа јасна порака дека насилството врз новинарите не треба да се толерира и дека правдата мора да биде задоволена. Судот, преку оваа пресуда, ја признава важноста на заштитата на новинарите и слободата на изразување како основни темели на демократското општество. Пресудата е значаен чекор напред во борбата против заканите и притисоците врз медиумските работници, велат од Здружението на новинари на македонија.
Изминатите седум години новинарите, фоторепортерите и снимателите помогнати од адвокатите на ЗНМ, сами ја бараа правдата низ судските ходници.