Осмомартовски протест во Скопје

Во организација на повеќе иницијативи и здруженија, денеска од 12.00 часот од паркот Жена борец ќе започне традиционалниот осмомартовски марш. 

Организаторите апелираат оние кои сакаат да присуствуваат да дојдат со цвеќе, без партиски обележја и да не подлегнуваат на провокации. 

„Маршот е чисто граѓански протест против системското долгогодишно бришење на жените и на него имаат право да се приклучат сите граѓани и граѓанки. Забранети се партиски и институционални обележја, протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира“, велат организаторите.