Османи – Захариева: Заедничкото претседателство ја проектира европската идеја за регионот
Foto

Османи – Захариева: Заедничкото претседателство ја проектира европската идеја за регионот

Во копретседателството на Република Северна Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес, со тоа што едната е земја-членка, а другата земја-кандидат има голема симболика и силна порака за европската иднина на целиот регионот, порачаа денеска министрите за надворешни работи на двете земји Бујар Османи и Екатерина Захариева, по состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од Берлинскиот процес. Овој процес, потенцираа, треба да овозможи заеднички пазар, подобро инфраструктурно и секакво други поврзување и поголема слобода на движење на луѓето во регионот.

Ние, додаде бугарската министерка за надворешни работи, сме убедени дека  добрососедските односи и строгото  исполнување на  односите е начин за гаранција на  регионалната стабилност и за сите прашања.  

- Сега добрососедството и солидарноста се потребни  од кога светот е опфатенод таква криза со  корона вирус и за жал  крриза за безбедноста, кога ќе земеме предвид терористичките напади во Виена, Ница, Париз и во други места во светот и  ЕУ потврди своето ангажирање во тие тешки  кон регионот  вклучувајќи го ЗБ во планот на рехабилитација на регионот, рече Захариева.

Министерот Османи, пак, изрази надеж дека ќе биде послушан повикот за разум за надминување на отворените прашања меѓу двете земји.

0 Коментари

Остави коментари