Османи за ТВ 24: Отварањето на клубот во Бугарија е инструментализирање на финансиерите и се гледа дека тука нема добри намери

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 анализа рече дека отварањето на клуборт во Благоевград е исто како натпревар со инструментализирање на правата на двете страни и не е во дугот на добрососедството.

- Немаме ништо  против отварање на клубови тука и таму, но според рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, граѓаните имаат право на здружување. Контекстот на појавување на овие клубови се гледа дека влегуваме во еден натпревар. Ова е инструментализирање на финансиерите на овој клуб и се гледа дека тука нема добри намери. Имало таму луѓе со најдобра намера, но сметам дека овој циклус со инструментализирање на правата не е во духот на добрососедството. Тука иињата не беа добронамерни и не мислам дека тоа помагаше на бугарската заедница. Времето кога ова се случува и начинот на кој опозицијата се надоврзува за да лови некои политички поени, ова е обратно од она што ние сакаме да го правиме. Бугарската влада погреши што дојде тука на отварање на клубот и тоа го сметавме за провокација. Не мислам дека Македонците таму добија нешто со овој клуб, освен што ја поларизираа бугарската јавност кон нив или тука дека Бугарите добиле, зошто ја полизираа нашата јавност. Ова ќе биде на штета на Македонците во Бугарија.  - рече Османи.