Османи за ТВ 24: Нема никаква основа за екстадиција на Томор Морина

Нема никаква основа за екстадиција на Томор Морина, и кога би имало треба во Косово да се екстрадира, а не во Србија, вели за тв 24 вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи откако вчера Кривичниот суд го одби неговото барање да го посети поранешниот припадник на ОВК кој што мината недела беше уапсен во земјава по потерница на Интерпол.

Тој вчера во изјава за ТВ 21 порача дека му гарантирал на Морина дека нема да биде екстрдаиран. На прашањето на тв 24 како потпретседател на Владата може да гарантира за одлука која што допрва треба да ја донесе судот Османи не одговори.

„Република Северна Македонија треба да продолжи да послужи како пример, медијатор и пооддржувач на регионалното помирување. Ваквите случувања го поткопуваат имиџот и регионалното значење на државата. Оттука државата под итно да ја следи политиката на ЕУ кон ова прашање, но и системски да го реши за да никогаш не се повтори. Нема никаква основа за екстадиција, и кога би имало треба во Косово да се екстрадира, а не во Србија, вели Османи.

Според најавите документациајта од Србија која бара екстрадиција на Морина утре ќе биде доставена до Кривичниот суд, кој дополнително треба да одлучи и за притворот. Реакции по апсењето на екс припадникот на ОВК стигнаа и од Белград и од Приштина, и едните и другите се заканија дека одлуката ќе има последици.