Османи за ТВ 24: Не работевме за датум, туку за одлука
Foto

Османи за ТВ 24: Не работевме за датум, туку за одлука

Бујар Османи во денешното гостување во Отвореното студио на 24 анализа, потенцираше дека САеверна Македонија по долго чекање конечно ги започнува преговорите за членство. Потенцираше дека ЕУ има капацитет за функциониање во криза.

„Тука имаше конзесус на сите земји членки и се е под сенка на пандемија, но ова е историски момент. По сите одбивања, влеговме во последната фаза за ова членство. Имаше писмена забелешка како анекс од Бугарија, но без да има влијание и денеска разговарав со неколку министри кои ја чекале писмената потврда и ова прашање е затворено. Кај нас погрешна беше прецепцијата дека работиме за датум, ние работевме за одлука. Претходно имавме вето од Франција и Грција.“ - рече Османи.

Тој потенцираше дека важна е политичката компонента а тоа е отпочнување на преговорите. Иако било планирано во јуни да се одржи меѓународната конференција, но со сегашната ситуација тоа е незивесно.

Османи изјави дека предноста ние дека веќе сме изоделе дел од патот и во секретаријатот има софтвер кои ги следи ситре легилативи и директиви кои треба да се хармонизираат во преговарачкиот процес. Третина веќе сме ги хармонизирале, односно веќе се во нашето законодавство.

„Земјите кои веќе прегопварат веќе ги учеле од нас, зошто ние пред 20 години сме влегле во процесот. Имаме потенцијал и ни треба добра кординација. Многумина велат ние преговараме со ЕУ. Не, ние не преговараме со ЕУ. Преговараме со нашите чинители за тоа кога една директива влегува во сила.“ - рече Османи.

Што се однесува дали граѓаните ќе имаат бенефит од ова, во одсно на користење на фондовите, Османи рече саекоја директива која регулира одредени прашање, како на пример, за загадување, чистата вода или судството, сето тоа оди во прилог на граѓаните.

„Скалило по скалило стануваме европска земја и стануваме европска земја.“ - изјави Османи.

Во однос на сегашната пандемија, Османи вели дека првично имало одреден шок во ЕУ и не можеле да се снајдат, зошто нивен прв инстиктот е да им помогнат на земјите членки. 

„Потоа се соземаа и почнаа да се комуницират дали имаме потреби. Испративме писмо и добивме позитивен одговор со 7 милиони евра за набавка на респиратори кои за неколку дека ќе влезат во функција, а 50- милиони евра што ни беа дадени како награда, тие ќе бидат користени за олеснување на економските и социјалните ситуации. Ќе комуницираме и со Кина, сега е време за солидарност, но ЕУ се покажа како вистински партнер. Денес го пуштив писмото дека бараме пристап до Европскиот солидарен фонд“ - рече Османи.

Изјави дека ситре мора да се прилагодиме на ситуацијата и дека максимално треба да се вложиме во напорот за да ја совладаме кризата. Не може да кажеме кога ќе заврши зошто вирусот е атипичен и ќе мора да се прилагодиме на таа ситуација. Не може да направиме распоред однапред. Најважно од се е сега да справиме со ситацијата, а одржување на изборите се најмалку важни. - рече Османи.

„Треба да ја развлечеме состојбата за да добиеме на време, да имаме споро ширење. Ако наеднаш имаме многу случаи, ќе немаме капациетет. Ова е комплексна ситуација и ова не е време за совршени одлуки, туку навремени,“ - рече Османи.

0 Коментари

Остави коментари