Османи за ТВ 24: Извештајот на Вајц бара од земјата да продолжи по европскиот пат преку уставни измени

За ДУИ извештајот на Вајц, кој помина на комитетот за надворешна политика е сето она што велат Македонија го има со преговарчката рамка

„Усвојувањето на извештакот на Томас Вајц ја отсликува веќе утврдената преговарачка рамка поддржана и од Бугарија каде Македонскиот јазик и посебноста на етничкиот македонски идентитет е веќе вметната во рамката, а со потпишувањето на ФРОНТЕКС воведена е и директна пракса за употребата на кратенката МКД.

Извештајот бара од земјата да продолжи по европскиот пат преку уставни промени за дополнување на малцинствата“- вели за ТВ 24 потпретседателот на ДУИ Бујар Османи.