Османи за случајот „Онишченко“: По внатрешната истрага на владата, треба да има последици

Скандалот со давањето државјанство  за украинскиот бизнисмен Александр Онишчено продолжува да ја бранува јавноста. Покрената е внатрешна истрага во Владата за да се открие како овој контроверзен бизнсимен се вдоми во земјава.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека овој случај е голем атак за кредибилитетот на Македонија како членка на НАТО и дека сега треба да се докажуваме кон другите стратешки партнери за компентентоста на системот. 

По завршувањето на внатрешната истрага која ја побара Владата ќе има одговрност вели Османи. Треба да се откријат сите луѓе кои биле инволвирани во пропустите.

Сослушувањето за случајот, на директорот на АНБ Виктор Димовски, пред комисијата пред два дена беше прекинато откако се откри дека средба штп треба да е затворена за јавноста беше пренесувана аудио на Ју Тјуб, што беше оценето како нов безбедносен пропуст во собранието.

Се очекува ново сослушување за идната недела. Аферата со политичарот од Украина кој е на црната листа на САД, стратешки партнер на Македонија, беше обелоденета неделава. Освен македонски пасош Онишченко се има стекнато и со  руско и германско државјанство.