Османи пред комисијата за надворешна политика реферира за обновениот дијалог со Бугарија
Foto

Османи пред комисијата за надворешна политика реферира за обновениот дијалог со Бугарија

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во своето излагање пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Северна Македонија за текот на разговорите и односите меѓу Скопје и Софија, истакна дека никој не преговара за идентитетот, јазикот и другите идентитетски атрибути.

-Кога сме кај чувствителните прашања, сакам јасно и гласно да повторам – никој не преговара за идентитетот! Јазикот и другите идентитетски атрибути се прашања кои произлегуваат од правото на самоопределување на секој човек, на секој народ, на секоја етничка заедница, на секоја држава и тоа е неприкосновено право посилно од било кое друго право. За овие прашање ниту сме преговарале, ниту имаме право да преговараме, ниту некој некогаш ќе преговара, подвлече Османи.

Тој истакна дека можеби постоеле такви обиди во минатото кога се пласираа некакви тези за негирање на идентитетот на Македонците како „Еден народ во две држави“, што, вели Османи, преставуваше обид за наметнување на еден единствен поглед на исторската вистина, но преку еден мудар, рационален, аргументиран пристап успеавме да покажеме дека се тоа ретроградни појави, дека не одговараат на современите цивилизациски вредности, и сметам дека во тоа успеавме.

- Денес веќе не разговараме за идентитет, туку единствено за пристапот при утврдувањето на правото на самоопределување на секој – во согласност со постоечкото државно уредување кај двете држави. Тоа не води до сетот политички прашања кој до неодамна беше именуван како пакет 5+1, рече Османи.

0 Коментари

Остави коментари