Османи од Софија: Со Захариева разговаравме за секторска соработка и одржување на состанокот на меѓувладината комисија
Foto

Османи од Софија: Со Захариева разговаравме за секторска соработка и одржување на состанокот на меѓувладината комисија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук-профил објави дека попладнево во Софија се сретнал со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, со која разговарал за секторската соработка и подготовките за одржување на состанокот на меѓувладината комисија.

- На враќање од посетата на Париз, застанав во Софија и се сретнав со министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, со која разговаравме за секторска соработка и подготовките за одржување на состанокот на меѓувладината комисија како инструмент кој произлегува од договор за добрососедство веднаш по усогласување на акцискиот план за секторска соработка, наведува Османи во објавата на Фејсбук.

0 Коментари

Остави коментари